Награден конкурс за учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија по повод „Месец на книгата 2022“
Награден конкурс за учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија по повод „Месец на книгата 2022“
Награден конкурс за учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија по повод „Месец на книгата 2022“
На наградниот конкурс за учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија по повод „Месец на книгата 2022“ од страна на жири-комисиите беа разгледани есеи на двете теми: „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ и „Светот го разбирам како поле за…“, потоа раскази на слободна тема и дизајни на корица од книга.
На наградените автори и авторки, нивните ментори, како и на членовите на жири-комисиите им беа доделени Дипломи и Благодарници.
Литературен конкурс за расказ на слободна тема за учениците од основното образование
Комисијата ја донесе следнава одлука:
првонаградена е Јована Дупарова, под менторство на Зорица Митреска од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија
второнаградена е Симона Бојкова, под менторство на Елизабета Инадеска-Ефремова од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија
третонаградена е Ирина Алчинова, под менторство на Вили Караколева од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија
Литературен конкурс за есеи за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија
Комисијата ја донесе следнава одлука:
второнаградена е Ирина Прошева, под менторство на Жаклина Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија
третонаградена е Виолета Чугунцалиева, под менторство на Тони Аврамов од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија
Ликовен конкурс за дизајн на корица од книга
Комисијата ја донесе следнава одлука:
првонаградена е Теодора Манчева,под менторство на Адриана Манчева од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија
второнаграден е Лазар Јаневски, под менторство на Михаил Петров од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
третонаградена е Теодора Ристова, под менторство на Михаил Петров од ООУ „Климент Охридски“ Миравци
Градската библиотека им честита на авторите и авторките на најдобро оценетите литературни и ликовни творби и на нивните ментори.