Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе се одржи Вечер на
слем поезија.
Македонски слем поети и поетеси од различни генерации со своите перформанси ќе
бидат дел од вечерта посветена на слем поезијата, којашто ќе се одржи на 22 декември 2023
година во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“ во Гевгелија.
Ќе настапуваат: Миланчо Пендев, победникот на 13-от Национален слем-натпревар,
второпласираниот Виктор Спасески, третопласираната Валерија Танчевска, како и Игор Трпчески,
Елена Пренџова, Тихомир Јанчовски, Димитар Арнаудов.
На настанот ќе има и музичка поддршка со настап на Методија Костоски, а влезот е
слободен.