Дигитална Библиотека
Дигитална Библиотека
Дигитална Библиотека

.

Изданија од роднокрајни автори

.

Роднокрајна литература

.

Литература за деца и млади

Проект Дигитална Библиотека
- Роднокраен оддел

Дигиталната ера коренито го смени начинот на кој луѓето добиваат информации, нудејќи нови начини на библиотеките да ја задржат општествено-културната значајност, релевантност и актуелност. Библиотеките повеќе не се ограничени на физички книги и печатени форми; тие може да обезбедат плејада нови ресурси и услуги, благодарение на дигитализацијата.

Можноста да се понуди соодветен избор на е-книги, аудио книги и дигитални периодични изданија е една од најважните компоненти на овој процес, додека членовите можат да пристапат до дигитални ресурси од удобноста на своите домови, што го прави практичен избор за многумина.

Членовите кои не можат физички да ја посетат библиотеката сè уште можат да комуницираат со други читатели и да ги следат настаните благодарение на нивната достапност преку интернетот.

Со цел студентите и учениците да пристапат до информации и да учат од удобноста на своите домови, библиотеките можат да понудат и онлајн бази на податоци со соодветни образовни материјали. Покрај тоа, дигитализацијата го отвори патот на библиотеките кон обезбедување одредени специјализирани услуги.

Користејќи приспособена стратегија помогната од дигиталните технологии, библиотеките можат да ги подобрат читателските искуства на своите членови и да ги задржат заинтересирани и мотивирани.

Библиотеките се наоѓаат среде нова ера на можности поради дигитализацијата. Тие се способни да им обезбедат на своите членови поширок спектар на ресурси и услуги и да ги задоволат нивните динамични барања. Библиотеките можат да продолжат да бидат релевантни во дигиталната ера и да продолжат да им ја даваат на своите корисници помошта и насоката што им е потребна за да се развиваат, учат, но и да се навраќаат на културната историја преку можностите кои ги нуди дигитализацијата.

Дигитализирањето различни видови изданија од роднокрајни автори или публикации кои се важни за локалната заедница е појдовна точка кон одржувањето на свеста за културата и културното наследство. Со дигитализирање на овие изданија, библиотеките се грижат тие да не бидат изгубени во времето, правејќи ги достапни за проучување од страна на идните генерации и пошироката публика.

Дигиталното зачувување на овој тип литература е особено важно бидејќи ѝ овозможува на заедницата повторно да се поврзе со своите корени, да ја разбере историјата во својата сеопфатност, земајќи ги во прв план сите вредни сознанија за културните практики, обичаите и традициите.

Некои од овие изданија документираат уникатни сведоштва за важни настани и значајни личности. Со скенирањето на овие книги, библиотеките можат да помогнат да се зачува културниот идентитет на заедницата и да се направи достапен за секој кој е заинтересиран да го прошири кругот на своите сознанија.

Дигитализацијата на изданија од Роднокрајниот оддел може да им користи и на локалните автори. Дигитализирањето на нивните дела обезбедува пристап до поширока публика, овозможувајќи им да допрат до читатели кои можеби немале пристап до нивните книги, што пак, може да помогне кон зголемувањето на видливоста на роднокрајните автори, односно кон препознавањето и поддршката за нивната работа.

Истовремено, дигитализираните изданија може лесно да се пребаруваат преку интернет, што им олеснува на истражувачите да ги пронајдат и проучуваат овие материјали.

Со дигитализирањето, библиотеките можат да придонесат кон остварувањето на одредени истражувачки цели, но и кон популаризацијата на истражувачките активности воопшто.

Проектот Дигитална Библиотека на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија предвидува дигитализација на различни изданија во располагање на библиотеката, во прв ред од Роднокрајниот оддел, кои се однесуваат како на иследувањето на историскиот развој на градот во целина, така и на иследувањето на делата и активностите на поединечни дејци кои се на одреден начин поврзани со него.

Воедно, во истиот се вклучени и изданија од автори и книжевни дејци кои потекнуваат, живеат/живееле или на друг начин се поврзани со Гевгелија и гевгелискиот крај, достапни на оваа страница.

Зачленување

Членарина за членови на возраст под 18 години

150 ден.
Годишна членарина
10,00 денари за амортизација (заемнина) за секоја позајмена книга
Бесплатно користење на посакуваната книга во читалната

Членарина за членови на возраст над 18 години

200 ден.
Годишна членарина
10,00 денари за амортизација (заемнина) за секоја позајмена книга
Бесплатно користење на посакуваната книга во читалната
×
Table of Contents