Атанасов Петар
Атанасов Петар
Атанасов Петар

Петар Атанасов е роден во селото Ума, гевгелиско во 1939 година. Основно и средно образование завршил во Гевгелија. Студиите ги завршил во Скопје на Групата за романска филологија на Филозофскиот факултет. Магистрирал во 1975 година во Белград, а докторирал во 1979 година во Скопје на тема „Мегленороманскиот денес. Фонетика и фонологија”. На Катедрата за романски јазици и книжевности ги предавал предметите: Романски јазик, Фонетика и фонологија на францускиот јазик, Историја на францускиот јазик, Споредбена граматика на романските јазици, Историја на италијанскиот јазик, а исто така и Балканска лингвистика за постдипломските студии при Филолошкиот факултет во Скопје. Бил шеф на Катедрата за романски јазици и книжевности во два мандата, претседател на Советот на Филолошкиот факултет, како и член на Универзитетскиот сенат. 

Во 1995 година го добил орденот „Академски палми“ од Владата на Франција за „неговиот придонес за француската култура“.
Во 2011 година, Атанасов добил медал за „заслуги за образованието“ од кабинетот на претседателот на Романија.
Автор е на повеќе речници, трудови и книги.