Илија Џаџев е роден на 5 октомври 1925 година во Гевгелија. Завршил Природно-математички факултет, група географија во 1954 година. Работел како професор по географија во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Член на „Друштвото на писателите на Македонија“ од 1990 година.
Како виртуоз на класична и хавајска гитара одржува над 6.000 бесплатни концерти на подиуми и сцени, во детски градинки, во рударски окна, на железнички станици, гранични караули, касарни, во студентски домови, пензионерски домови, затвори, на патнички и воени бродови, аеродроми, плоштадите во Париз, Берлин, Рим, Лондон, Атина, Софија, пред пирамидите во Сахара, низ многубројните градови во Македонија и јужнословенските држави.
Како поет остави 19 збирки на поезија, два романа во ракопис-Свештарот и Професорот и друмската проститутка, како и 10.000 афоризми. Има снимено два филма каде толкува главна улога и тоа “99” во режија на Столе Попов од 1975 година како дипломска работа на Попов и “Концерт за една душа” во режија на Иван Митевски во 1978 година.
Починал на 14 април 1991 во Гевгелија.
Книжевно творештво
Не (поезија, 1976)
Чисти раце (поезија, 1977)
Јас бев мал генерал (од бурата на еден парижанец, поезија, 1978)
На булеварот нема птици (поезија, 1978)
Сонови изгреваат (поезија, 1978)
Зорнина (поезија, 1979)
Изгрејсвету (поезија, 1979)
Коренозрак (поезија, 1979)
Светилоносие (поезија, 1980)
Образовосхит (поезија, 1980)
Гласовековија (поезија, 1980)
Погледочест (поезија, 1981)
Верножубие (поезија, 1981)
Достојносјај (поезија, 1981)
Ѕвезда што доаѓа (поезија, 1982)
Измамница (поезија, 1982)
Надљубов (поезија, 1983)
Педесет мои брачни потписи (поезија, 1983)
Миропомазание (поезија, 1991)