Илија Карајанов е роден на 8 јули 1943 година во Гевгелија. Тој е истакнат македонски поет, есеист и критичар. Завршил Филолошки факултет во Скопје во 1968 година (југословенска книжевност и македонски јазик). Целиот работен век го минува како професор по македонски јазик и литература во гимназијата “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија.
Добитник е на повеќе награди и признанија:
-Прва награда за есеј на меѓународната манифестација “Празник на липите” во 2006 година
-Прва награда на конкурс за најдобра книга (Скопје,1996 година)
-Повелба за животно дело за “придонесот во литературната и воспитно-образовна култура и самобитност” (2003 година).
Карајанов бил повеќегодишен уредник и лектор на зборниците “Дојрански ракувања”. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1987 година и член на Претседателството на Друштвото-еден мандат.
Има објавено повеќе поетски збирки: Сончогледово око (1978), Цветови на слободата (1979), Полноќен сонопис (1987), Сономорје (1991), Слики од југот (1995), Зорници во сонот (1997), Сонети без почеток и крај 1999), Свилени звуци (хаику поезија, 2000) и други.