Старделов Георги
Старделов Георги
Старделов Георги

Георги Старделов е роден на 28 август 1930 година во Гевгелија. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Бил професор на Философскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар. За неговиот севкупен творечки опус, на Философскиот факултет во Скопје е одбранета докторска дисертација под наслов „Естетичките, културолошките и книжевноокритичките концепции на Георги Старделов“ (1977).
За член на МАНУ бил избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година бил потпретседател на МАНУ а од 2009 Бил нејзин потпретседател раководител на Лексикографскиот центар, за да од 1 јануари 2008 година стане претседател на МАНУ. Во МАНУ, од 1993 година раководел со макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција биле издадени 20 тома.
Старделов бил член на редакцијата на списанието за книжевност, култура и уметност „Современост“. Бил плоден научен работник во повеќе дисциплини (филозофија, историја, естетика, теорија и социологија на културата и уметноста, историја на книжевноста.
Починал во Скопје на 11 јануари 2021 година.
Творештво
„Есеи“ (1958),
„Модерното и модернизмот“ (1962),
„Светови“ (1969),
„Антеј бара почва“ (1971),
„Доба на противречностите“ (1977),
„Меѓу литературата и животот“ (1981),
„Experimentum Macedonium“ (1983),
„Изморена авангарда“ (1985),
„Вовед во иднината“ (1986),
„Искуства“ (1987),
„Портрети и профили“ (1987),
„Одземање на силата“ (1990),
„Summa aestheticae“ (1991),
„Антеј ја допира земјата“ (1993),
„Керубиновото племе“ (1995),
„Величанија“ (1997),
„Керубин’с Трибс“ (на английски, 1998),
„Небиднината“ (2000),
„Искушенијата на естетичкиот ум“ (2003),
„Балканска естетика – една друга естетика“ (2004),
„Ангелус Новус“ (2004).

 

 

Антологии
„Повоени македонски прозаисти“ (1960),
„Четири поетски круга“ (1974),
„Слобода или смрт“ (1978),
„Го знаеш ли, поете, својот долг“ (1981),
„Камбаните на Крушево“ (1983),
„Современни македонски поети“ (1998)